Мицкоски: Ковачевски наместо да бара одговорност од Џафери кој ги пцуеше вработените во Собранието седеше со него на фудбалски натпревар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали може да се очекува од ВМРО-ДПМНЕ да предложи интерпелација за Талат Џафери истакна дека се е на маса, но од другата страна Ковачевски наместо да бара одговорност заедно со Џафери  кој ги пцуеше мајките на вработените следеше фудбалски натпревар.
 
„Интерпелација објективно сега да збориме пред граѓаните таа нема да успее, бидејќи Ковачевски ако го нападне Талат Џафери ќе му падне владата. Ене вчера го гледаме на еден стадион во Чаир како навива помеѓу Али Ахмети и Талат Џафери седнат и тоа доволно јасно прикажува во каква улога е тој човек и зошто велиме дека е заробен. И сега како ние ќе правиме интерпелација единствено да ги слушнеме како се препелкаат овие од СДСМ да го бранат Талат Џафери кој што ги пцуеше мајките на вработените во Парламентот. Ете тоа е. Тоа се вредностите? Еве ја повикувам и меѓународната заедница, ако се тоа вредностите и ако стојат позади овие политичари тогаш извинете, такви вредности јас не сакам да живеам“, истакна Мицкоски.
 
За тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира во Собранието да се преразгледа дали Џафери го прекршил во најмала рака Етичкиот кодекс Мицкоски одговори такво нешто веќе објави пратеникот Антонио Милошоски, но народот треба да одлучи на следните избори дали овие луѓе ќе бидат казнети или нема да бидат казнети.
 
„Па пратеникот Антонио Милошоски мислам дека објави. Член 13 или 14 од Кодексот е каде што тој со тие недолични зборови, навредувајќи ги мајките на вработените таму, во незнам, може во некоја по специфична  состојба го прекршил. Но, повторно ќе ви кажам. Народот е тој кој што треба да одлучи на следните избори дали овие ќе бидат казнети или нема да бидат казнети. Тие за жал во Парламентот во моментов имаат 61. На каков начин ги стекнале, со што, не е битно. Имаат 61 и тие секогаш додека се влада ќе ги имаат тие 61. Затоа е многу битно на следните избори народот да знае во Македонија дека само стабилна влада предводена д ВМРО-ДПМНЕ може да ги исправи овие грешки, а овие луѓе кои што тоа го направија ќе одговараат. Еве јавно ви го кажувам тоа и држете ме за збор. Но, повторно јас сум еден од тие милион и осумсто и два-тринаесет илјади гласачи. Треба целиот народ и вие медиумите да дадете поддршка да конечно Македонија престане да губи. Вака не можеме понатаму  да опстанеме ниту како народ, ниту како држава, потенцираше Мицкоски.
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

16.05.2022 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега