Мицкоски: Кадрите за градоначалници на СДСМ се истрошени луѓе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска при своето обраќање од струшко Ташмаруништа посочи дека време е на локалните избори да се стави крај на оваа криминална испостава од времето на транзицијата.

„А, светот незапирливо оди напред. Веројатно таму на Бихаќка, календарот застанал во 2017-та година, па тоа најдобро се гледа и во кадрите кои ги нудат за градоначалници, стари кадри, стари принципи на работа, истрошени луѓе, исти ликови од времето на транзицијата. Никаква инвентивност, ниту пак некаква надеж дека може нешто да сменат. Заев ќе рече му требало енергија, не господине Заев вас ви треба календар да за да разберете дека сега е 2021-та година, и уште неколку месеци сте премиер во Република Македонија“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека сите политичари не се сите исти. ВМРО-ДПМНЕ има концепт и има визија, на држава каде што просечната плата ќе биде 45.000 денари. И тоа не е никакво лицитирање со власта, кога ВМРО-ДПМНЕ ветува  45.000 денари таа ќе биде 45.000 денари. ВМРО-ДПМНЕ ветува дека  секое семејство ќе има бесплатен приклучок на гас, струјата ќе е  поевтина, а стандардот повисок, каде самите граѓани одбираат каков проект ќе финансираат преку својот данок на имот, каде тутунарите прво ќе им се откупи сиот тутун по достоинствена цена, а дури потоа ако има потреба ќе се увезува нов. Каде општините ќе бидат целосно  дигитализирани и никој нема да ги малтретира и рекетира граѓаните, каде човечкото достоинство ќе се вреднува. Каде црвените линии за идентитетот, јазикот и историјата се почитуваат.

„Работата не е да направиме коалиција за власт, туку коалицијата на народот против Заев. Од тука, точката на нашето обединување е да дадеме отпор кон власта и да ја кренеме урнисаната држава на нозе. Но затоа е потребен свесен народ, и политичари кои ќе гледаат подолгорочно од своите апетити и интереси. Затоа обединувањето во еден блок против оваа власт ќе биде жесток шамар за власта која ќе падне за неколку месеци веднаш по локалните избори. И само така ќе може да ставиме точка на криминалот, на тапкањето во место и да обезбедиме иднина за сите, да обезбедиме Македонија за сите луѓе. Блок на различни, но со една цел, туркање на оваа власт. Овие локални избори не се само избори каде што вие ќе гласате за или против локалните авторите и медиокритети кои што се залегнати во своите фотелји, туку каква порака ќе испратите на тие кои упорно ги кандидираат и ги навредуваат вашиот ум и вашата интелигенција“, нагласи Мицкоски.

02.08.2021 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега