Мицкоски ја објави Тачер: Жените се столб на семејството и општеството

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски Меѓународниот ден на жената го честиташе цитирајќи ја „Железната дама“, Маргарет Тачер.

„Доколку ве напаѓаат на лична основа, значи дека не им останал ниту еден политички аргумент“ е познатата изрека на Тачер која тој ја цитираше.

Според Мицкоски, Жените се столб на семејството и општеството.

-Меѓународниот ден на жената се одбележува во чест на жените лидери. Жените се столб во семејството, во општеството и нивниот придонес кон одлуките, политиките и законите гради подобра иднина за сите нас. Нека е честит 8 Март, Меѓународниот ден на жената, напиша Мицкоски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега