Мицкоски: Идентитетот не смее да биде предмет на преговарање со Бугарија

Идентитетот, јазикот и историјата не смеат да бидат предмет на преговори. Доколку Бугарија инсистира да преговара на оваа тема, тоа значи дека содржината на тој билатерален договор кој го склучи Зоран Заев е исцрпен и потребен е нов, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле..

-Доколку во тие разговори се вклучуваат идентитетски прашања поврзани со јазикот, историјата, идентитетот имаме јасен став дека по ниту една цена не треба да се разговара за она што претставува наше идентитетско обележје. Тоа не смее да биде предмет на договарање ниту какви било отстапки. А претходно кажав, дека доколку нашиот источен сосед продолжи да инсистира на преговори на оваа тема која опфаќа идентитетски прашања, тоа значи дека содржината и на овој актуелен билатерален договор кој го склучи Заев е исцрпена, и дека тој наместо да нуди иднина, нуди минато и тој за нас како политичка партија ќе биде минато. Тогаш е јасно дека е потребен нов договор кој ќе обезбеди иднина и во кој овие работи нема да бидат дел од преговори, вели Мицкоски.

Што се однесува до тоа дали треба да се продолжи со разговорите или не, Мицкоски смета дека разговорите треба да се препуштат на историските комисии кои треба да работат врз основа на факти, а не врз основа на притисок и врз основа на тоа Заев да именува и разрешува нејзини членови за да исполнуваат нарачки. Политиката треба да биде настрана од овој процес, посочи Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега