Мицкоски: Гумата за спасување на Заев која се вика Мини Шенген е само доказ колку државава тапка во место
Македонија е европска земја, и нашето место е токму таму, во семејството на Европската унија, а она што за Заев сега е Европа, и го вика Мини Шенген, тоа само значи дека донел уште еден пораз за државата и не е способен да ја исполни нашата најголема стратешка цел, членството во Унијата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното обраќање струшко Ташмаруништа .
Мицкоски посочи дека Париз, Брисел и Берлин, не може да бидат, со должно почитување кон нашите соседи Врање, ниту пак Драч.
„Но, гумата за спасување на Заев која се вика Мини Шенген е само доказ колку државава тапка во место, и колку имаме неуспешна влада. А уште е понепријатно кога ќе го видите премиерот на сопствената земја во друштво на мојот пријател Вучиќ и Рама како се труди да најде барем еден проект во главниот град за да се пофали дека нешто сработил, нешто изградил изминативе 4 години, а всушност ги фали проектите на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Навистина е тешко да се гледа туѓиот срам. На човек му доаѓа да се срами од туѓиот срам“, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа