Мицкоски до земјоделците: Во ВМРО-ДПМНЕ имате пријател, партнер за решавање на вашите проблеми и маки

Сакам да се обратам до земјоделците, до работниот народ на Македонија, луѓето кои заслужуваат многу повеќе почит и повеќе поддршка од Македонија. Не и верувајте на власта и на нивните убави зборови, тие сакаат и овој пат да ве излажат. Нема ништо и да се промени со нив, работите ќе тргнат на подобро кога ќе се смени оваа власт. Во ВМРО-ДПМНЕ имате пријател и соговорник, партнер за решавање на вашите проблеми и вашите маки, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Карбинци.

Точно знам, рече Мицкоски, со што се соочувате, излезете на овие избори и гласајте за промени, промени од кои ќе тргне создавањето на новата иднина, и на новото време кое треба да донесе за вас сигурност и повеќе грижа.

Мицкоски од Карбинци се обрати и до пензионерите.

„Барам и замолувам поддршка од пензионерите, од тие кои својот живот го дадоа за подобра иднина, а сега оваа власт ги разочарува. 52 месеци не им ги покачија пензиите, туку им ги скратија за да имаат повеќе за крадење. Заслужувате достоинствена старост, почит од државата и она што ви следува, повисоки пензии, поголема грижа. И таа ќе ја имате, и затоа се потребни промени“, рече Мицкоски.

 

15.10.2021 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега