Мицкоски: Четири години тапкаме во место

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле вели дека Македонија четири години тапка во место.

За неговите средби во Европа вели дека иако неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, треба да се искористи сиот расположлив потенцијал за да се направи притисок и придвижување на патот кон Европската унија.

-Имаме две опции - или да се задушиме во домашни обвинувања за тоа кој шири лажни вести, а кој ја говори вистината, па да се спроведува операција со која ќе се сака да се прикрие анексот на Договор за кој јавно говори Бугарија, а гледаме дека власта во Македонија моли Бога да не се дознае. А во меѓувреме, ако може да се исфрли предметот историја како посебна наука во образованието, зашто на тој начин се сака да се додвори до страната која бара многу повеќе од тоа, и се' така да се вртиме во круг и подлабоко да тонеме во мочуриштето на власта. Или пак, втората опција е да не чекаме, да тропнеме на вратите кои можеме да ги отвориме, и да побараме поддршка за она што е заедничка стратегиска цел, а тоа е одблокирање на патот кон ЕУ. Притоа мораме да бидеме свесни дека сериозно како држава заостануваме во многу реформи. Четири години власта е во рацете на Заев, и четири години имаме тапкање во место, додека регионот и светот има достигнувања и напредоци. Нема време за губење, вели Мицкоски за ДВ.

Појаснува дека освен ЕУ, тема на средбите ќе бидат економските потенцијали особено во оваа ковид-криза.

Во однос на пописот Мицкоски вели дека опозицијата има легитимно право да се сомнева оти власта сака да ги наштелува бројките и процентите.

тфрлањето на сите предлози, и нивното насилие како власт, нам ни дава легитимно право да се сомневаме во целите на пописот. И јас тука целосно свесен и за нашата одговорност, би бил многу внимателен во квалификациите и предвидувањата, но можам со сигурност отворено да се сомневам во резултатите на тој попис. И ве уверувам, доколку имаме ваков мафијашки попис, бројките и процентите ќе бидат прашање на декор. ВМРО-ДПМНЕ нема проблем со процентите од пописот доколку тие бидат реални и израз на фактичката состојба, па какви и тие да биле, но имаме проблем со политички мотивираниот попис кој Заев го турка на сила. Нам ни треба фер и објективен попис, а секој треба да знае дека фалсификат попис кој, пред се', треба да биде статистичка операција, граѓаните ги чини погрешни проекции за иднината и пари, вели Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега