Мицевски: Ребаланс на Буџетот застана во Владата пет дена, а самата таа обвинува дека опозицијата е кочничар

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ се обрати денес на собраниска седница. При своето обраќање посочи дека Владата не работи ефикасно, поради нивното несериозно работење се доцни со ребалансот на Буџетот.

„Владата она што го бараше како брзо донесување на ребаланс на Буџетот за изгласување на четвртиот пакет на мерки и како процедура која што заврши во Собранието во четвртокот на 22, денеска сме 27-ми, пет дена во текот на вчерашниот ден во 20:50 часот добивме информација дека ребалансот на буџетот е вратен од Влада во Собрание. Значи пет работни дена за пет или осум амандмани за нешто, за кое што ја убедуваат македонската јавност дека се брза, дека Собранието и опозицијата се кочничари, застана во Влада пет дена“, нагласи Мицевски.

Мицевски додаде дека сите пратеници се сведоци, дури и тој самиот е сведок на десет буџети, десет ребаланси најмалку во ова Собрание кои се имаат донесено. Владата дури работела и во текот на викендите и веднаш ги враќала во Собрание за да има три дена за да ги разгледаат пратениците и допуните да ги достават.

„Јас повеќе реагирам на работата на Владата, која што доцни со донесување на ребалансот, а од друга страна на јавноста и укажува дека брзаме да ги фатиме последните денови од октомври за да можат мерките од четвртиот сет да важат“, истакна Мицевски.

 

Мицевски посочи дека во наредните седници ќе укаже на уште факти од неефикасното  работење на оваа Влада.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа