Манчестер Сити прв патник во финалето на фудбалската ЛШ

Англискиот Манчестер Сити не дозволи никакво изненадување во реваншот и вечерва забележа уште една победа против ПСЖ и во реваншот сега со 2-0 со што се пласираше во финалето од ЛШ.

Играч на мечот беше Ријад Марез кој ги постигна двата гола. Марез прво во 11. минута го отвори резултатот и така го најави пласманот на „граѓаните“ во финалето.

ПСЖ напаѓаше меѓутоа недостасуваше реализацијата, Ди Марија во 18. минута не искористи едно лошо додавање на Едерсон.

Ситуацијата околу пласманот во финалето беше решена после еден час игра кога Марез го постигна вториот гол натпреварот.

 

Пет минути подоцна Ди Марија заработи директен црвен картон со што буквално беше решено околу прашањето на патникот во финалето на ЛШ. Манчестер Сити сега го чека својот протовник во финалето,а тоа е помежу Челзи и Реал Мадрид каде по првиот меч од Мадрид резултатот е 1-1.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега