Малолетник паднал од мопед – итно пренесен во болница

Малолетник заврши со тешки телесни повреди откако паднал од мопед на локалниот пат Свети Николе – с.Кнежје.

-Синоќа во 00.45 часот било пријавено дека на локалниот пат Свети Николе-с.Кнежје, мопед „априлија“, без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Свети Николе, паднал на коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип, велат од МВР.

 Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

 

01.08.2021 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега