Close Menu
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Борбата против корупцијата во Агенцијата за земјоделство е пофалена од Брисел, нема блокада на ИПАРД

    10.11.2025 во 15:54

    Падна благајничка во комунално претпријатие – проневерила над половина милион денари

    10.11.2025 во 15:38

    Андоновски: Министерството за дигитална трансформација е предводник на процесот на усогласување со Реформската агенда, нотирано и од Европскиот извештај

    10.11.2025 во 15:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ВМРО-ДПМНЕ: Борбата против корупцијата во Агенцијата за земјоделство е пофалена од Брисел, нема блокада на ИПАРД
    • Падна благајничка во комунално претпријатие – проневерила над половина милион денари
    • Андоновски: Министерството за дигитална трансформација е предводник на процесот на усогласување со Реформската агенда, нотирано и од Европскиот извештај
    • Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска започнува со приемни денови за граѓаните
    • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со измислени приказни го покрива хаосот во власта
    • Мисајловски на свечената заклетва на новите питомци на Воената академија: Да се служи на татковината е највисока привилегија и најголема одговорност
    • Охрид: Ја убедил поранешната да земе кредити за него, а потоа ѝ се заканувал и одбивал да плаќа
    • Во Воената академија заклетва положија 59 питомци и слушатели, присутни и кандидати од БиХ и Црна Гора
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Ѓорѓиевски прогласи крај на акцијата „72 часа“: Скопје е чист град, собрани се 4.500 тони смет, изречени се 40 казни

    10.11.2025 во 09:32

    Мајка од пеколот: Го претепала своето 6-месечно бебе

    10.11.2025 во 12:48

    Александар преживеал пекол на црногорската граница: Со две мали деца во кола го задржале 13 часа поради една грешка

    10.11.2025 во 09:58

    Потоп во Македонија – УХМР соопшти каде наврна најмногу дури 42л/м2

    10.11.2025 во 09:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.