Македонија пред млечна криза - нема од каде да се увезе млеко

 

Млечна криза и се заканува на Македонија, јави Сител. Млеко има се помалку,  а нема ни од каде да се увезе.  Млекопроизводителите алармираат - состојбата е сериозна.  За брзо ќе ни се случи српското сценарио – празни рафтови  по маркетите ,  млеко ќе нема, а тоа што ќе го има – ќе биде по повисока цена.

Сите стравуваат од истата состојба. Мислам дека и кај нас во скоро време ќе дојде истата ситуација како во Србија. Инаку , за цената, нормално е кога има помала понуда,а поголема побарувачка, цените да одат нагоре. Ние се грижиме и веќе им даваме повисока откупна цена на млекопроизводителите, изјави за Сител Наташа Бојковска, директор на Бучен Козјак 

Од година во година  домашното производство опаѓа. Но  оваа, падот е драматичен. Се губи интересот кај  младите да се занимаваат со оваа професија,  сточната храна е многу поскапена, а трошоците зголемени.

Огромни стада веќе се продадени, а има најава за продажба на уште грла, затоа што млекопроизводотителите се оптеретени со повисоки трошоци,  најмногу поради поскапата цена на струјата. Ситуацијата е неизвесна и станува алрмантна, додава Бојковска

Поради недостиг на млеко Србија денеска забрани извоз на млеко , освен за Македонија и Албанија , а ја намали и маржата за трговците. Наместо со 12 отсто, од продажбата на млеко ќе заработуваат максимум  5 %. Во Србија во моментов има и ограничување на цената на млекото.  Еден литар во продавниците кај северниот сосед не може да се продава над 129 српски динари или 67 македонски денари.

07.09.2022 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега