Македонија под влијание на циклон - метеоролозите најавуваат драстична промена на времето

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот, утре навечер како и во текот на ноќта кон понеделник, и во понеделник ќе има ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, додека на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег особено во понеделник. Локално ќе наврне позначително киличество на воден талог (над 30 л/м2), информира метеорологот Славчо Попоски.

Утре ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец а температурите ќе бидат натпросечно високи и денес и утре ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Поиниски температури ќе имаме во понеделник кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2020 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа