Лукаревска: Прифатени се барањата на сметководителите

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во гостувањето на ТВ 21 информираше дека се прифатени дел од барањата на сметководилите.

Таа им оддаде јавно признание бидејќи, како што рече, сметководителите се на првата борбена линија во делот на справување со пандемијата од економски аспект.

-Дел од нивните барања значи се прифатени, имавме реакции дека можеби задоцнето реагираме меѓутоа секој пат следиме во делот на аплицирањето, односно поднесувањето на соодветни пријави дали е исполнета она квота којашто треба да ја исполнат дел на компании коишто аплицирале… и уште колку недостасуваат за да го запазат соодветниот рок. Меѓутоа сметам дека 80 % од нивните барања беа прифатени. Секој пат сме реагирале и не е ова прв пат Управата за јавни приходи да одлага рокови три дена пред крајниот рок, туку тоа мислам дека се случувало и порано дури и пред 10-тина години, пред 12 години итн, рече Лукаревска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2021 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа