Левица: Среде криза, Владата дава уште по 170 евра покачување на платата на административните службеници

 

„Со новиот предлог - Закон за административни службеници, Владата на СДС и ДУИ предлага линеарно покачување на платите на административните службеници, кои работат во Министерство или Секретаријат, за околу 170 евра нето плата по вработен.
Со овој предлог закон (со сегашната вредност на бод), власта во најголемата економска криза, ќе треба да обезбеди за административците во министерствата и секретаријатите дополнителни минимум 50 милиони евра годишно во буџетот, за исплата на повисоки нето плати, придонеси и данок на личен доход“. Овие пораки ги испраќаат од политичката партија Левица, во реакција испратено до медиумите.

„Наместо рационализација на трошоците во време на криза, анти-социјалната влада дополнително го оптоварува државниот буџет, каде јавниот долг ја надмина критичната линија од 60% од БДП.

Наместо соодветни редистрибутивни мерки од најбогатиот слој кон загрозените групи граѓани, оваа криминална Влада без визија, стратегија и компетентност единствено нуди изговори за "увезена криза", додека секојдневно ги зголемува непродуктивните трошења за лукративни цели“, велат од партијата.

„Средствата кои треба да се обезбедат ќе паднат на товар на осиромашениот работник и со тоа Владата, место да воведе антикризни мерки, ќе ја продлабочи економската криза, која веќе е излезена од контрола“, се дополнува во соопштението на Левица.

 
 
27.09.2022 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега