Левица: Наместо земјоделците и граѓаните Министерството за земјоделие ги штити трговците

Политичката партија Левица смета дека Министерството за земјоделелие не ги заштитува земјоделците и граѓаните, туку трговците.

„Наместо да го забранат извозот на јачмен и да го заштитат македонското сточарство, а со тоа да обезбедат и поевтино месо и млеко од домашен пазар за граѓаните, министерството за земјоделие предводено од Љупчо Николовски пак ги штити интересите на извозниците.
 
Дваесет и пет здруженија на земјоделци, како и мелничарите од Македонија побараа забрана за извоз на жита. Сите подсекторски групи со кои МЗШВ одржа состаноци во изминатиов период имаа само еден главен заклучок: ЗАБРАНА ЗА ИЗВОЗ НА ЖИТА. 
 
Но, и покрај барањето на сите нив за забрана на извоз, и нивното укажување во каква очајна ситуација се наоѓаат, особено поради тоа што субвенциите сѐ уште не се исплатени, МЗШВ остана глуво за барањата и не го забрани извозот. 
 
Како многупати до сега, наместо да биде слушнат гласот на производителите, повторно е слушнат гласот на извозниците и повторно добивката ќе оди во џебот на 2-3 фирми блиски до министерот Љупчо Николовски и неговиот заменик, Абдулшуќур Абедини од Алтернатив, а граѓаните ќе плаќаат најскапа храна во регионов и при тоа ќе одвојуваат и даноци за субвенции на земјоделството! 
 
Последниве десетина дена забрзано се ивезува македонскиот јачмен во Грција по цена од 330 евра/тон, односно по 21 ден за килограм, додека на производителите им се откупува по 15 денари од кг. Додека цената на домашното месо во месарниците расте секој ден, јавно го прашуваме министерот Љупчо Николовски:
 
- Дали се пополнети стоковите резерви и дали сме подготвени да ја презимиме страшната зима што се најавува?
 
- Дали субвенциите кои им се исплаќаат на земјоделците со цел опстојување на земјоделецот и поевтина храна за граѓаните, а се плаќаат од даноците што ги одвојуваме сите, имаат за цел подобрување на состојбите во земјоделството или имаат за цел да се прелеат во џебовите на фирмите блиски до министерот?
 
- Дали на есен ќе плаќаме многу поскапи житни култури од увоз, за пак да профитираат фирми за увоз –извоз блиски до Министерот?
 
-Дали министерот ќе им објасни на граѓаните дека фармерите и земјоделците не се виновни за поскапувањето на храната, туку виновни сте вие што штитите приватни интереси на поединци?! Додека млекото им го откупувате по 19 денари, дозволувате истото по маркетите да се продава по 60 денари! Додека нашите земјоделци плаќаат најскапи и несубвенционирани енергенси и репроматеријали, уште ги немаат добиено субвенциите за претходната година? 
 
До каде оди алчноста и военото профитерство, ваше и на вашите бизнис пријатели?“, велат од Левица.
27.06.2022 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега