„Летаа казни“: Во Куманово санкционирани 63 возачи поради брзо возење

СВР Куманово изрече 63 санкции за пребрзо возење, соопшти денеска МВР. Засилената акциска контрола, полициските службеници ја спровеле денеска за период од осум часа, од 14 до 20 часот.

Од полицијата најавија дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, повикаа од Министерството за внатрешни работи.

30.07.2021 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега