Леонардо Ди Каприо меѓу светските лидери на самитот во Глазгов

Американскиот актер Леонардо Ди Каприо внесе малку холивудски гламур на климатската конференција на ОН во Глазгов, а неговото присуство на третиот ден од конференцијата привлече бројни новинари и обожаватели.

Актерот, кој е претставник на ОН за климатски промени, денеска на конференцијата е снимен во темно сино одело, со темна маска на лицето. Околу него имало голема група луѓе кои се надевале дека ќе направат снимка на своите мобилни телефони.

Четириесет и шестгодишниот Ди Каприо посети изложба во главниот конференциски центар чија цел е да ја покаже улогата на растенијата во изнаоѓањето решенија за климатските промени.

Неговиот портпарол рече дека актерот изгледа уживал во посетата на фантастични растенија и пораки за решенија за климатските промени засновани на природата.

 

02.11.2021 - 23:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа