Ленин Јовановски: Од Арсовска зависи дали Скопје в петок ќе биде блокирано

 

 

„Арсовска е маќеа на цело Скопје“, вели во интервју за „Макфакс“, Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

Од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и од директорот на ЈСП зависи дали приватните превозници в петок ќе го блокираат цело Скопје поради неисплатениот долг, вели Јовановски, објаснувајќи ја ситуацијата со блокадата и хаосот во главниот град.

„Ако таа не чувствува одговорност за ова што ќе му се случи на Скопје и дека работите може да ескалираат во уште порадикален правец, а нејзе да ѝ е сеедно, тогаш јас не можам да направам ништо. Ако градоначалничката сака да се однесува уличарски, како нешто да прави во сопствениот двор, а не во градот Скопје, тогаш нека си ја преземе одговорноста за она што ќе се случува понатаму“, потенцира Јовановски.

Цело интервју може да се погледне ТУКА.

29.11.2022 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега