Лекарите предупредуваат: Ако го забележите ова на вашите раце, проверете го црниот дроб

Црниот дроб е важен орган кој му помага на телото да се ослободи од токсините што ги внесуваме преку храна, пијалоци и лекови. Но, во исто време, црниот дроб е орган што може да се разболи ако сте склони кон прекумерна потрошувачка на алкохол или прекумерно внесување на шеќер.

За жал, можеби не сфаќате дека нешто не е во ред со вашиот црн дроб сè додека симптомите не бидат сериозни, во кој момент штетата може тешко да се поправи. Сепак, постојат одредени суптилни знаци кои можат да покажат дека е време да се посети лекар.

Ако забележите дека дланките стануваат црвени, треба да побарате преглед за да проверите дали сè е во ред со црниот дроб.

– Црвенилото на дланките, исто така познато како палмарна еритема, може да биде предизвикано од заболување на црниот дроб, вели д-р Лин Постон, додавајќи дека околу една четвртина од луѓето со заболување на црниот дроб развиваат палмарна еритема.

Црвените дланки се поврзани со неколку видови заболувања на црниот дроб

– Црвенило на дланките од заболување на црниот дроб се јавува затоа што малите крвни садови (капилари) во рацете се шират и ја зголемуваат количината на крв во рацете – објаснува д-р Џена Лифарт Родос.

Според Родос, црвените дланки се поврзани со неколку форми на заболување на црниот дроб, вклучително и болест на Вилсон, хемохроматоза и цироза. Вилсонова болест е состојба што спречува црниот дроб правилно да го отстранува бакарот, додека хемохроматозата предизвикува премногу железо во телото.

– Цироза, сепак, е доцна фаза на заболување на црниот дроб во кое здравото ткиво на црниот дроб се заменува со ткиво со лузни, а црниот дроб е трајно оштетен – вели д-р Мехмет Оз.

Болеста може да биде предизвикана од долготрајна хронична употреба на алкохол и не покажува никакви знаци или симптоми се додека оштетувањето на црниот дроб не стане сериозно, предупредуваат експертите од клиниката Мајо.

Црвенилото на рацете поврзано со заболување на црниот дроб обично е концентрирано во одредена област.

Дејвид Бити, општ лекар со повеќе од 30 години искуство, вели дека палмарниот еритем поврзан со заболување на црниот дроб најчесто произведува црвенило околу „месните делови на дланката, под палецот и малиот прст“, но може да влијае и на други делови на дланката, па дури и прстите. Постон додава дека црвенилото е претежно симетрично и пациентот чувствува мала топлина, но не и болка или чешање.

– Ако ги притиснете деловите на дланките кои се црвени, кожата ќе ви стане бледа – објаснува д-р Оз.

Може да имате други проблеми со рацете ако имате заболување на црниот дроб

 

Се разбира, црвените дланки можат да бидат поврзани и со други фактори. Тие можат да се појават во бременост, како и кај луѓе кои имаат ревматоиден артритис. Исто така, луѓето кои имаат заболување на црниот дроб не мора секогаш да имаат црвени дланки како еден од симптомите.

Сепак, заболување на црниот дроб може да влијае на рацете на други начини; кај некои пациенти се јавува астериксис, неконтролирано треперење на зглобовите. Д-р Оз предупредува дека заболениот црн дроб може да се манифестира преку модринки, но и преку промена на бојата на кожата со жолтеникава сенка.

Контрактурата на Дипитрен, деформација што предизвикува свиткување на прстите, е уште еден симптом за кој д-р Оз и Бити велат дека е во голема мера поврзан со заболување на црниот дроб.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега