Курти „збесна“: Србија не е нормална земја

Косовскиот премиер Албин Курти за градската телевизија на Подгорица, еден ден по постигнувањето договор за регистарските таблички во средата во Брисел, изјави дека Србија не е нормална земја.

„Мислам дека Србија не е нормална земја, но тоа е работа на српскиот народ. Мислам дека нашите односи не се нормални“, рече Курти.

Тој очекува взаемно признавање од земјата, до пролет следната година.

Курти рече дека српската влада е „основана“ на три убиства – Зоран Ѓинѓиќ, Иван Стамболиќ и Оливер Ивановиќ.

На српските власти им е потребно, како што рече, „двојно дистанцирање“ од злосторствата, односно оние од времето на Милошевиќ, а сега и од режимот на Путин.

За разлика од тоа, Косово за него е „двојна успешна приказна“.

26.11.2022 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега