Курти со критики до Лајчак: Ваков начин на преговори не нѐ води напред
Премиерот на Косово, Албин Курти го критикуваше пратеникот на ЕУ Мирослав Лајчак за начинот на кој се работи на Заедницата на српските општини, додавајќи дека прво треба да има договор за принципите, а потоа да следи пишувањето на нацртот.
„Не се работи за дуплирање нацрти на текстови, туку за усогласување на принципите и потоа пишување текст. Можеме да донесеме различни текстови и да најдеме аритметичка средина, како што тоа обично го прави пратеникот Лајчак. Но, што нѐ води напред, ако не договорот за текстот. Бесмислено е да се обидуваме да се договориме за содржината на текстот“, рече Курти.
Курти истакна дека има многу документи кои се подвлечени со различна боја, а кои покажуваат кој дел од параграфот функционира, а кој не.
„Сакам да се договориме начелно што сакаме“, рече Курти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа