Курти пред СБ на ОН: Немам ништо против Србите, ќе ги информирам подобро за забраната за користење на динарот
Вчеравечер се одржа Советот за безбедност во ОН на барање на Србија, поради воведувањето на забраната за користење на динарот на територијата на Косово.
За време на дискусијата, Курти нагласи дека во следниот период од еден месец, колку што ќе трае транзицијата до спроведување на одлуката, ќе се потруди подобро да ги информира сограѓаните.
„Динарот не е забранет во Косово, српските граѓани можат да го задржат динарот, но еврото е единственото платежно средство. Толку субвенции, социјална помош, грантови за образование и здравство дадовме на општините со српско мнозинство и сите тие без проблеми прифатија евра. Ниту еден косовски Србин не рекол дека не ги прифаќа овие средства затоа што се во евра. Во Црна Гора околу четвртина од населението се декларира како Срби и за валута го имаат еврото. Обичните Срби не го мразат еврото“ - рече Курти.
Тој додаде дека смета оти криминалци се само поединци и дека етничката заедница не може да биде криминална.
Обраќајќи му се на српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека е критикуван за едностраните потези, а за билатералните Белград треба да го потпише Договорот за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија, за кој двајцата лидери усно се согласија во февруари 2023 година.
„Имаме договор, но за да не го прекршиме и целосно да го имплементираме, порачувам да преземеме билатерална акција, а тоа би било потпишување на договорот“ – додаде Курти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа