Ковачки: Влата се уште молчи за 1 тон дрога
„Молкот на МВР, Царина и Обвинителство доволно говори дека институциите се обидуваат овој скандал да го заташкаат и прикријат, а причината за тоа е дека има сериозен сомнеж за поврзаност на власта со него.
Не слушнавме за приведени и за одговорност, а веќе помина цел еден месец.
Институциите не демантираа ниту дека дрогата била натоварена и спроведувана со возила на царината со ротациски светла.
Молкот говори дека ова е голема афера. Ова само покажува дека во Македонија нема правна држава, нема борба со организираниот криминал на власта, нема слободни правосудни органи и нема владеење на правото.
Во Македонија има спрега на мафијата и на институциите. Затоа Македонија е на 111-то место во борбата против корупцијата во светот и сме последни во Европа.
Да потсетиме, во Македонија за само неколку месеци се случи скандал со доделување на официјални македонски пасоши на странски нарко мафијаши, се случи пробиената акција “Планина“ и се случи скандал со пратка на марихуана во близина на Прилеп во која беа фатени близок човек на семејството Заеви и началник на прилепската полиција.
Ова само говори дека Македонија е претворена во земја во која нарко картелите се директно поврзани со моќници на власта и имаат слобода да прават што сакаат.
Одговорност порано или подоцна ќе има.“ - порачува Ковачки
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа