Ковачки од Мошница: Потребен е континуитет на промените, над милион евра инвестиции во Македонска Каменица
„Добро вечер од преубавата Мошница, од општина Македонска Каменица, мала Швајцарија на истокот“, го започна своето обраќање вчера вечер Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи ја потребата од континуитет на промените започнати во 2021 година на локално ниво.
Ковачки истакна дека заедно со граѓаните на Мошница и околните населени места, разговарале за приоритетите и предизвиците со кои се соочуваат. Целта на овие разговори е да се дефинираат клучните точки кои ќе бидат вклучени во програмата на идниот градоначалник и Советот за општина Македонска Каменица.
„Владата на Република Македонија, знаете сите дека продолжува со поддршка на нашите македонски општини“, рече Ковачки. Тој посочи дека само од моментот на доаѓање на актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во Македонска Каменица се инвестирани над милион евра. Овие средства, според Ковачки, ќе бидат потрошени за инфраструктурни проекти, комунални проекти и проекти во патната инфраструктура, со цел да се задоволат потребите на жителите од овој крај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа