Ковачевски за предлогот на Петков: Капацитетот на интитуциите може да биде зголемен во секое време

Ние сме единствената држава во Европа којашто има министерство за помалите етнички заедници. Единствени во Европа имаме законски решенија со коишто се унапредуваат правата на помалите заедници во секоја смисла, рече премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање во врска со изјавата на премиерот на Бугарија, Кирил Петков, дека нашата влада требало да формира некаков вид институција за заштита на правата на Бугарите.

-Имаме министерство за помалите етнички заедници, од корисење на јазици до еднаков пристап на вработувања во јавниот сектор, преку институции, програми, а тука е и канцеларија на омбудсманпт која се користи за правата на сите граѓани. Капацитетот на интитуциите може да биде во секое време зголемен, тоа го предвидува и нашиот Устав, каде се вели дека секој граѓанин има право на личен и професионален развој, кажа Ковачевски.

16.05.2022 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега