Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ да се фатат за работа, создадоа хаос во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ пред точно една година победи на локалните избори во државата. Тие освоија 50 општини во државата, тие освоија локална власт во главниот град во државата. Она што треба да прават е да се фатат за работа. Оваа порака им ја посочи денеска премиерот Димитар Ковачевски на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата.

„Како што 11 години кога владееја со државата, која беше според сите меѓународни институции прогласена за заробена држава, просечната плата беше 9.000 денари, а сега е 18 илјади денари. Единствено што ги интересираше е да прават споменици.

Сега ќе ви кажам, тука сме баш на убаво место да ви кажам еден податок што во 2015та година ставија неисплатени 2,5 милијарди денари субвенции на земјоделците, зашто за истите пари од 2,5 милијарди денари кои што беа врвни каменоресци изградија 36 споменика во центарот на Скопје“, изјави Ковачевски.

„И затоа јас би им порачал власта која што ја имаат во Скопје да земат да ја партиципираат затоа што од Скопје денеска едвај излеговме бидејќи на протест се сите превозници. Во Скопје ветуваа бесплатен автобуски превоз, ветуваа фабрика за електрични автобуси, ветуваа брда и долини, а во моментов во Скопје ниту има автобуски превоз, ниту има пречистителна станица за вода, ниту има било какво поместување на било кој капитален проект кој што им го остави минатата власт, која што изгуби, им честиташе победа и предаде власт на ВМРО-ДПМНЕ .

Не може да биде изговор на ВМРО-ДПМНЕ дека тие се скарале со градоначалничката која што е нивни кандидат бидејќи тие одеа по Скопје да ја промовираат, не одев јас да ја промовирам по Скопје, и не може сега ние се скаравме, ама за да можеме добро да го управуваме Скопје ни требаат парламентарни избори. Не поминува таа работа.

Нека се фатат за работа за да можат да профункционираат општините“, додаде Ковачевски во врска со раководството на ВМРО-ДПМНЕ низ општините. 

 

 

28.11.2022 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа