Ковачевски: Рестрикциите за електрична енергија не се опција за ЕСМ и за Владата

 

Васко Ковачевски, директорот на ЕСМ во вечерното интервју за „360 степени“ кажа дека рестрикции на електричната енергија, во актуелната енергетска криза, не спаѓале во опциите за ЕСМ и Владата. Првиот човек на Електрани додаде дека интензивно се подготвувале за зголемување на домашното производство и верува дека со тоа би се покриле потребните количини за домаќинствата и малите потрошувачи.

„За рестрикциите кои се најавувани и минатата година, а ги немаше, иако дел од т.н. експерти за енергетика и дел од политичките партии предвидуваа црни сценарија, на крај, ние минатата грејна сезона успешно се справивме со енергетската криза. Сега, исто така, дополнително се подготвуваме, зашто сите најави, изјавите на сите лидери во Европа и глобално, предвидуваат дека зимата што претстои ќе биде една од најтешките во изминатите 70 години. Токму затоа дополнителен мотив и за нас во ЕСМ и за другите енергетски компании, но пред се за Владата е, прво, да се обезбедат ресурси доволни за производство на електрична енергија, второ – да имаме доволно количество на електрична енергија без рестрикции, но и да се внимава на цената. Сега имаме регулирана цена до крајот на годината, а во декември треба да се определи цената за наредните шест месеци“, изјави Ковачевски за „360степени“. 

16.09.2022 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега