Костадиновска Стојчевска: Покажуваме вистинска грижа за граѓаните

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска денеска на средби со граѓаните на Тетово порача дека советничката листа на СДСМ и коалицијата е најдобрата понуда за идниот Совет на оваа општина.

Таа посочи дека СДСМ како партија, како што кажа, и на централно и на локално ниво покажува вистинска грижа за граѓаните, за општините и за секое населено место и дека Тетово не е исклучок од тоа.

Костадиновска Стојчевска ги повика граѓаните на 20 август да дадат поддршка на кандидатите за советници од СДСМ затоа што тие се гаранција дека работата на градоначалникот ќе биде постојано под лупа на јавноста.

„За чесни, доблесни и угледни луѓе во Советот, за европско Тетово, на 20 август да гласаме за број 1, да гласаме за советничката листа на СДСМ и коалицијата“ порача потпретседателката Костадиновска Стојчевска.

16.08.2022 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега