Коста ќе пишува книга за убиствата: Ќе заработам милиони
Масовниот убиец од Белград, Коста Кецмановиќ се уште е во болница и под полициски надзор. Од моментот на неговото затворање, надлежните постојано ја следат неговата состојба.
Коста во болницата се однесувал како масакрот во „Владислав Рибникар“ воопшто да не се случил.
Во последно време Коста пројавил интерес за пишување. Ваквата заинтересираност се појавила откако мајка му му подарила книга, која ја читал додека поминувал време под посебен надзор на полицијата.
„Книгата што ќе ја напишам ќе опише се што се случило во мојот живот! Велат дека сум император и оваа книга ќе ги интересира сите тие луѓе, а јас ќе заработам милиони затоа што луѓето ме сакаат! Зошто да не знаете сè? Ќе го напишам толку добро што на сите ќе им биде интересно“ – повторувал Коста Кецмановиќ, пишува „Република.рс“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа