Коронавирусот и ги уништил белите дробови: Синот го дал левото, а сопругот десното крило- операцијата траела 11 часа

 

Јапонската агенција НХК известува дека болницата во Кјото била прва во светот што пресадила делови од белите дробови од живи донатори на жена чии бели дробови почнале да слабеат поради коронавирусот. Донатори биле син и сопруг, синот го дал левото, а сопругот десно белодробно крило.

Трансплантацијата била извршена од тим врвни експерти, предводени од професорот Јоичи Ита од универзитетот во Кјото.Жената на која биле пресадени  делови од белите дробови на нејзиниот син и сопруг минатата година сезаразиласо коронавирусот.

Таа била во сериозна состојба. Оздравела од коронавирусот, но страдала од пост-Ковиден синдром. Белите дробови и биле уништени. Трансплантацијата била единствениот избор, пишува Ориентал Дејли.

Синот и сопругот се пријавиле како донатори. Операцијата траела 11 часа и за среќа била успешна. По два месеци, пациентката треба да биде отпуштена од болницата, а лекарите процениле дека може да се врати на нормалниот живот по три месеци.

Ренгенските снимки ги покажуваат белите дробови на пациентската пред операцијата (лево). Ова бело значи дека тие не работат.

По операцијата, белите дробови започнале да работат (слика десно).

Има десетици случаи во кои тие трансплантирале делови од белите дробови, но ова е прв пат од живи донатори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега