Колку заработија српките пејачи за дочекот на Новата година: Цеца со години е на врвот

 

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ заработи 100.000 евра за дочекот на Нова година. Таа е рекордер по заработката, со настапот на Златибор, пренесе српски „Информер“. На листата најплатени пејачки е и Лепа Брена, која заработи 80.000 евра, додека нејзините колеги Аца Лукас и Ацо Пејовиќ заработија по 70.000 евра. Цеца веќе со години е најплатена пејачка, бидејќи нејзините настапи се најпосетувани.

Лепа Брена уште на почетокот на годината имаше договорено настап во еден познат ресторан во Белград. Извор близок до неа рече дека не сакала да настапува во странство. Лукас ја забавуваше публиката во хотел, а Пејовиќ настапи на сајмиште.

Веднаш зад нив, по висината на хонорарот е Јелена Карлеуша, која заработи 60.000 евра за нејзиниот настап во познат хотел. Пејачот Ѓани заработи 40.000 евра, Дарко Лазиќ со неговата кума Андриана Цекиќ заработија 75.000 евра, а заедничка тезга имаа и Слоба Радановиќ и Катарина Грујиќ.

Радановиќ заработи 35.000 евра, а неговата колешка 20.000 евра, рече познат менаџер во Србија и додаде дека Сека Алексиќ и Слаџа Алегро пееја на две места. Сека во хотел, а Слаџа во клуб. Пред полноќ, само ги замениле местата и заработија по 25.000 евра. Дара Бубамара и Радмила Манојловиќ пееја за 20.000 евра.

Најголемо изненадување е Теа Таировиќ, која за Нова година заработи 30.000 евра. Со неа во ист хотел пееја и Катерина Живковиќ и Јован Перишиќ, кои добија по 15.000 евра.

Дејан Матиќ заработи 20.000 евра, а Каја Остоиќ и Весна Змијанац по 15.000 евра. Аца Живковиќ пееше за 10.000 евра, а ист хонорар договорила и Милица Јокиќ. Марина Тадиќ годинава пееше на Копаоник за 10.000 евра.

06.01.2023 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа