Кличко му одговори на Зеленски: „Не сакам да се вовлекувам во политички битки“

Градоначалникот на Киев, поранешниот професионален боксер Виталиј Кличко, рече дека нема смисла да се расправа, одговарајќи на критиките од Зеленски дека не е направено доволно за да се олесни населението кое се соочува со недостиг на струја и греење.

Формирани се 430 „центри за затоплување“ за да му помогнат на населението да се справи со последиците од руските напади врз електраните, рече градоначалникот. Се планира отворање на уште стотина вакви центри во случај на екстремни услови, најави тој.

Претседателот Володимир Зеленски минатата недела рече дека добива „особено многу поплаки од Киев“ за мерките.

„ Не сакам да се вовлекувам во политички битки, особено не во сегашната ситуација“, објави Кличко на Телеграм и додаде: „Бесмислено е. Морам да работам во градот“.

Кличко оцени дека советниците на претседателот се вклучиле во „манипулација“ и „тоа не е добро ниту за Украинците, ниту за странските партнери“. „ Денес, кога треба да бидеме обединети и да работиме заедно, се игра еден вид политичка игра“, рече тој.

Минатата недела Зеленски се заложи за отворање на „центри за непобедливост“ низ Украина, засолништа каде што жителите ќе можат да се загреваат, да имаат вода, интернет, мобилни врски и лекови достапни бесплатно, 24 часа на ден.

28.11.2022 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега