Ќе падне одлука: Ќе се скрати ли изолацијата на позитивните од Ковид-19?

На почетокот на неделава се очекува да биде познато дали изолацијата ќе биде скратена од десет на седум дена. Препораката ја донесе Комисијата за заразни болести, а според најавите, се очекува таа денеска да се најде на разгледување пред Главниот кризен штаб, а во вторник да биде на владина седница.

Министерот за здравство Беким Сали во петокот изјави дека во следниот период ќе се следи состојбата со новозаразените и соодветно на тоа ќе се носат препораки и одлуки. Засега, според неговата изјава, болничките капацитети не се целосно исполнети и далеку сме од потребата одредена клиника да се пренамени во ковид центар.

Ковид сертификатите, кои некои земји веќе најавија дека ќе ги укинат, засега остануваат во државава. Според министерот, се уште е рано да се зборува за укинување на овие сертификати затоа што нивото на вакцинација кај населението во земјава е многу помало во однос на другите држави.

Бројките за новозаболени во земјава покажуваат дека во изминатите 24 часа се регистрирани 1.424  случаи од направени 5.604 тестирања. Од вкупниот број позитивни се регистрирани 214 реинфекции.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во изминатите 24 часа се регистрирани 1.083 оздравени пациенти и 15 починати.

24.01.2022 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега