Ким Џонг-ун во паника поради коронавирусот но и поради Бајден: Наредил егзекуција на двајца службеници, Пјонгјанг во карантин а тој тврди дека нема вирус

Севернокорејскиот претседател Ким Јонг-ун нареди егзекуција на најмалку две лица и забрани риболов на море и го стави во карантин главниот град Пјонгјанг, како дел од напорите да се ослободи земјата од пандемијата и нејзините штетни ефекти врз економијата, соопшти јужнокорејското разузнавање пред парламентот.

Владата на Северна Кореја исто така им нареди на дипломатите во странство да се воздржат од какви било потези што можат да ги испровоцираат САД поради загриженост за можен нов пристап кон земјата што може да го преземе Џо Бајден, пренесува АП.

Јужнокорејската разузнавачка служба наведува дека севернокорејските власти минатиот месец наредиле егзекуција на лице од менувачницата, за која сметаа дека е одговорна за падот на курсот.

Истиот извор наведува и дека севернокорејските власти наредиле егзекуција на висок функционер во август, поради кршење на владините ограничувања за стоките купени во странство.

Изворот не навел за кои лица станува збор.

Северна Кореја исто така забрани морски риболов и производство на сол за да спречи влегување на вирусот во морска вода, соопшти јужнокорејското разузнавање.

Пјонгјанг и провинцијата Јангандо на северот на земјата се ставени во карантин поради загриженост за вирусот корона. На почетокот на овој месец, властите ставија во карантин и други области во земјата каде се внесуваше недозволена стока.

Севернокорејските власти тврдат дека ниту еден случај на ковид-19 не е забележан во земјата, а ова тврдење го доведоа во прашање многу странски експерти.

Избувнувањето на голема епидемија на коронавирус во Северна Кореја може да има ужасни последици како резултат на состојбата на здравствениот сектор во земјата, поради неговата изолација и хроничен недостаток на медицински материјали.

Властите ја затворија границата со Кина, најголемиот трговски партнер на Северна Кореја, поради пандемијата во јуни, што и нанесе силен удар на економијата.

Земјата е под санкции на САД, а властите сè уште не објавија за победата на Бајден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега