Кичевец прегазил двајца малолетници - пренесени во болница

Двајца малолетници се повредени, од кои едниот потешко откако вчера 73-годишен кичевец удрил во нив со својот автомобил.

-Вчера во 18.10 часот на локалниот пат кај с.Челопеци во Кичево, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(73) од Кичево, удрило во двајца пешаци- малолетници од с.Челопеци, кичевско. По незгодата, тие  биле пренесени во Медицински центар Кичево, при што кај едниот биле констатирани телесни повреди, а кај другиот тешки телесни повреди, се вели во полицискиот билтен.

 Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега