Како во бајка: Аделина Тахири славеше роденден во соба преполна со балони, цвеќиња, колачи и плишани мечиња, а го покажа и подарокот (ФОТО)

Албанската пејачка Аделина Тахири вчера славеше роденденен, а на својот Инстаграм профил сподели дел од атмосферата во својот дом, скапите подароци и луксузот.

Имено таа облечена во пижами од „Викторија Сикрет“ а потоа и во наметка на која пишуваше „Кралица“ позираше во собата преполна со балони, торти и свеќиња, нема сомнеж дека нејзиниот сопруг добро се потрудил да и го разубави денот.

 

Покрај декорираната соба преполна со балони и плишани мечиња секако имаше и подарок и тоа ни помалку ни повеќе туку златен часовник од најпознатиот светски бренд.

Пред неколку години Аделина вплови во брачните води со познатиот скопски адвокат, Серијожа Марков, а набргу потоа го добија и синчето Јон. Сепак таа е во топ форма .

За потсетување, Аделина и Серјожа пред да се решат за брак беа подолго време во врска. Но, претходно, тие биле пријатели. Таа раскажа дека тој цела година ја молел да излезат на кафе. По кафето, конечно биднала и љубовта, а сега се веќе во брак. Ова е прв брак за Тахири, а втор за Марков. Тој има две деца од првиот брак.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2021 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега