Кајли Џенер конечно го откри името на синот

 

За првпат инфлуенсерката Кајли Џенер објави фотографии од синот што го доби со раперот Тревис Скот и го откри неговото име.

„Аир“, рекла таа во описот на фотографиите кои досега собрале повеќе од 16 милиони лајкови. Момчето е родено во март минатата година.

Кајли претходно во една од епизодите на реалното шоу Кардашијан изјави дека нејзиниот син се вика Волк, но потоа откри дека повеќе не и се допаѓа името.

„Моравме брзо да го потпишеме изводот од матичната книга на родените, а штом го потпишав знаев дека најверојатно ќе му го сменам името. Едноставно не му одговара“, рече таа.

Пред неколку дена беше објавено дека Кајли и Тревис решиле да ја прекинат врската.

„Тие требаше да ги поминат празниците заедно, но таа одлучи да оди во Аспен за да биде со семејството и пријателите. Тие ќе останат пријатели и ќе продолжат да ги воспитуваат своите деца заедно”, открил извор за американските медиуми.

Двајцата ја имаат и четиригодишната ќерка Сторми.

23.01.2023 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа