Каевски: СДСМ се грижи за граѓаните, шпицниот за тендери

Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ, кажа дека Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски​ преземаат навремени мерки за заштита на граѓаните и фирмите во време на економска и енергетска криза.

„Обезбедени се храна,​ струја​ и енергенси за претстојната зима.​ Владата​ субвенционира 80 отсто од сметката за електрична енергија за над 600.000 домаќинства и над 70.000 мали и средни компании.​ Со мерката за основните и средните училишта​ кои​ се префрлаат на регулираниот пазар,​ обезбеден е​ наставниот процес со физичко присуство​ во зима.​ Поевтина електрична енергија е обебзедена и за болниците и здравствените установи. Парно во Скопје ќе има за целата грејна сезона​ благодарение на тоа што го презема Владата откако ВМРО-ДПМНЕ покажа неспособност и се откажа“, вели Каевски.

Портпаролот на СДСМ вели дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски​ се посветени на тендери и провизии.

„Последно, се скараа за тендер од 136 милиони евра во Скопје и самите се фатија со рацете во медот. Скопје и општините кои ги раководи ВМРО-ДПМНЕ стојат една година, не се реализираат проекти. Шпицниот градоначалник​ Мицкоски со неговите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво ги покачуваат комуналните услуги​ и директно брцаат со рацете во џебот на граѓаните. Секаде каде што е ВМРО-ДПМНЕ локална власт се покачуваат локалните комунални услуги, на штета на граѓаните. Во Прилеп комуналните услуги се покачени за 67 отсто, во Штип за 40 отсто, во Велес јавниот превоз е зголемен за 40 отсто, додека во општина Охрид покачени се и јавниот превоз и комуналните услуги. Наместо мерки за помош​ на граѓаните и работа,​ шпицниот градоначалник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ​ мислат на тендери и​ удираат​ по џебот на граѓаните“, вели тој.

СДСМ се грижи за граѓаните во време на криза, шпицниот градоначлник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат само за тендери и провизии, порача пратеникот.

01.10.2022 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега