Каевски: Милошоски ги блокира договорите од иницијативата Отворен Балкан на штета на граѓаните

„Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ итно да закаже седница на Комисија за надворешни работи со цел да започне процедурата за ратификација на договорите од иницијативата Отворен Балкан“, порача на прес-конференција пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.Тој порача дека „со овие договори граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи. На овој начин ќе се отворат нови работни места, пополнувања на дефицитарните работни места во приватниот сектор во сите три држави кои се дел од Иницијативата“.

„Не се ратификувани неколку договори поврзани со иницијативата Отворен Балкан. А не се ратификувани затоа што Милошоски упорно не ја закажува седницата и на тој начин дејствува на штета на граѓаните, на штета на државата“, вели Каевски.

29.09.2022 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега