Јорданов: Во време на криза го решивме уличното осветлување

Најголем дел од финансиските средства кои што ги прибираме како основ на даноци и такси, кои граѓаните ги плаќаат во општинската каса ќе бидат пренасочени за она кое што е наша примарна цел а тоа е обезбедување на чиста вода за пиење, да се одвива образовниот, наставниот процес, да се згрижуваат децата во градинките и да ја одржуваме комуналната хигиена, вели Иван Јорданов градоначалник на Општина Штип во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема на Ваша страна“ на телевизија Телма говорејќи дека сето ова е последица на високите сметки за електрична енергија кои ги добиваат како општина.

Јорданов посочи дека во време на енергетска криза Општина Штип го решила проблемот со уличното осветлување без да има проблем за граѓаните.

Проблемот со високите сметки за уличното осветлување во Штип го решивме со јавно приватно партнерство со економски оператор кој што има обврска да ја плаќа електричната енергија која што се користи за улично осветлување по основ на комуналната такса која што ја плаќаат граѓаните, а ние како општина ја прибираме, со тоа што истиот економски оператор има обврска да ги сервисира светилките и да ги замени со штедливи сијалици. О тоа веќе е направено, така да во однос на уличното осветлување го решивме проблемот и можам да кажам дека сме една од ретките општини кои што во овој момент немаме проблем со високите сметки за уличното осветлување, потенцираше тој.

Како пример во месец јануари сметката на струја на комуналното јавно претпријатие кое што има обврска да дистрибуира чиста вода за пиење и да го чисти сметот и ѓубрето од улиците во Штип достигна 19 милиони денари, а вкупниот приход  на јавното комунално претпријатие е 17 милиони денари. Кога вие имате по само еден основ  повисок трошок немате како да ги менаџирате за да ги покриете трошоците. И додека го решивме овој проблем времено, се префрливме на друг водоснабдителен систем на хидро системот Злетовица и да ги исклучиме пумпите кои што беа генератор на трошење на електрична енергија помина 3 месеци со екстремно голем и сметки за струја, кои што акумулираа долг кој што веќе го враќаме. Сакам да кажам дека се соочивме во јануари месец со тој проблем да трошоците се поголеми од приходите кои што ги прибираме. Така што јавното комунално претпријатие ја намали цената на електричната енергија на 6 милиони денари, но и тоа е премногу компаративно со годините наназад, нагласи Јорданов.

Јорданов смета дека јавните претпријатија и училиштата треба да влезат на регулиран пазар, бидејќи вака оставени сами на себе на слободен пазар не знаат да каде може да оди цената на електричната енергија и со самото тоа не можат да ги планираат трошоците.

Во време на криза мора да ги решаваме проблемите, но за целосно да се насочиме кон успешно функционирање мораме заеднички да излобираме преку ЗЕЛС, сите овие јавни институции јавни претпријатија, училишта да влезат на регулиран пазар, за да имаме планирање на трошоците, бидејќи вака оставени сами на себе на слободен пазар ние не знаеме до каде ќе оди цената на електричната енергија на светските берзи и немаме планирање на трошоците, вели Јорданов.

26.09.2022 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега