ЈО ќе истражува: Мерки за претпазливост за ловџијата кој застрела друг 25-годишен ловџија во Прилеп

Јавното обвинителство поведе постапка против ловџија за кривично дело – Убиство од небрежност.

-Осомичениот, прилепчанец на возраст од 50 години,  на 17.01.2021 година околу 10:15 часот, во место викано Отин,  во близина на село Витолиште, Мариово,  застрел лице со кое заедно бил на лов на дивеч. Од повредите починал оштетениот, 25 годишен жител на Прилеп. Јавниот обвинител кој постапува во предметот издаде наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта, велат од ЈО.

Обвинителството до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот и тоа, обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во ОВР Прилеп и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега