Јакимовски: Мицкоски и Црвенковски имаат тајни состаноци

Мицкоски и Црвенковски имаат тајни состаноци, вели во „Жешко политичко лето“, градоначалникот на Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, одговрајаќи на прашањето поврзано за информациите во јавноста дека поранешниот лидер на СДСМ се враќа на политичката сцена.

-Се шушка се зборува и таа работа е во договор со Христијан Мицкоски, тие оддржуваат тајни состаноци.Откако ја напуштив коалицијата, некои гласноговорници од ВМРО ме обвинуваа дека сум во договор со СДСМ, не, нивниот претседател е во договор со Бранко Црвенковски, така да дали ќе прават партија јас тоа не можам да го знам, но се чувствува дека ќе има партија од тој лев политички блок, вели Јакимовски.

16.08.2022 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа