Јабланица: Полицаец скинал казна за 20 евра - туристи го снимиле на камера како примил поткуп
Турски туристи на мотори снимиле сообраќаен полицаец во Јабланица во Босна и Херцеговина како зема поткуп од 20 евра користејќи ја камерата на кацигата.
Имено, на видеото се гледаат неколку туристи од Турција, кои се возеле на мотори кога ги запрел сообраќаен полицаец.
Уште на почетокот му објаснуваат дека не го знаат јазикот и се обиделе да комуницираат на англиски.
Полицаецот потоа се обидел да им објасни дека направиле прекршок додека возеле, а многу лошо зборувал англиски.
Во текот на разговорот, еден од двајцата туристи од паричникот извадил 20 евра и му ги подал на полицаецот.
Но, полицаецот продолжил да им објаснува како да ја платат казната што веќе ја напишал, но набргу потоа „попуштил“ и ги земал парите, а „заборавил“ на казната.
Туристите продолжиле на своите мотори „ослободени“ од казната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа