Измешајте две состојки и испијте ги пред спиење - наутро ништо нема да ве боли, ќе бидете полни со енергија

Квалитетниот сон во вистинско време може да помогне во заштитата на вашето ментално и физичко здравје, квалитетот на вашиот живот и безбедноста.

Спиењето е многу важно, бидејќи за време на сонот мозокот има доволно време да ја обработи и создаде енергијата за секојдневните активности и да го одржува вашето физичко здравје. Значи, спиењето ја подобрува нашата способност за концентрација, општата состојба на мозокот и го подмладува телото.

Од друга страна, лошиот сон е предизвикан од неколку фактори, но најчестите причини вклучуваат лоши навики во исхраната, анксиозност, недостаток на минерали и нездрав начин на живот. Недостатокот на сон доведува до ниско ниво на енергија, депресија, општа слабост, мачнина, раздраздливост, замор и големен ризик од хипертензија.

Сепак, постои природен начин за да си помогнете себеси во овој случај. Едноставно, конзумирајте банана и цимет во вид на чај, пред спиење.

Бананите се богат извор на калиум и магнезиум, минерали кои го подобруваат квалитетот на сонот. Овие минерали исто така помагаат во опуштањето на мускулите и вените и ги поништуваат негативните ефекти од вишокот на кортизол, хормонот на стрес. Бананите ја содржат амино киселината триптофан, која помага да се подигне нивото на серотонин, кој помага во регулирање на спиењето.

Другата состојка на овој рецепт – циметот – содржи извонредни етерични масла, како што е еугенолот, кој го дава слаткиот, пријатен ароматичен мирис, како и витаминот А, пантотенска киселина, ниацин и пиридоксин. Овој зачин исто така е многу корисен за здравјето, бидејќи го релаксира телото. Освен тоа, го олеснува варењето на храната и ја подобрува циркулацијата на крвта.

Состојки: 1 банана, малку цимет и 1 литар вода.

Подготовка: Сварете ја водата во мал сад. Исечкајте ја бананата на кругови, а потоа додадете ги во зовриената вода. Нека се варат 10 минути, потоа процедете ја водата и ставете ја во шолја. Додадете малку цимет и уживајте во одличниот вкус на оваа шолја здравје!

Примена: Конзумирајте го овој извонреден чај еден час пред заминување во кревет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2021 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега