Избегнете ги овие улици- утре нов протсет во Скопје- посебен режим на сообраќај

Утре со почеток во 13 часот ќе се одржи најавен јавен протест кој што  ќе започне во парк Чаир на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1 на бул. „Гоце Делчев“,  Собрание на ул. „11-ти Октомври“ и Влада на бул. „Илинден“, соопштувата од МВР.

Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици:

- ул.„Х.Т.Карпош“,ул. „Џон Кенеди“,  ул. „Цветан Димов“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „ Гоце Делчев“,  ул. ,,11-ти Октомври“,  ул. „Васил Главинов“, бул.„ ВМРО“,  бул. „Илинден“ и други околни сообраќајници.

СВР Скопје апелира  до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега