Исповед од која боли душа: Мајката на Кика откри детали за девојката која си го одзема животот

 

Наташа Ѓукиќ, мајката на инфлуенсерката Кристина Кика Ѓукиќ (21) која пред шест месеци си го одзема животот во својот стан во Белград, за прв пат во ексклузивна исповед проговори за смртта на нејзината ќерка.

„Нејзиниот дневник никаде го нема. Во него напишала се, а телефонот се уште е во обвинителството. Некој ја откажал нејзината сметка еден ден пред да го направи тоа и прв објавил на неа дека починала. Сè уште не знам кој беше. Многу има нејаснотии и чекам истрагата да биде целосно завршена. Имам причина да верувам дека Кика немала намера да си го одземе животот. И да беше тоа така, немаше да го направи тоа на мојот роденден“, вели неутешната Наташа Ѓукиќ.

Наташа вели дека околу 22 часот и се јавил пријателката на Кика која отишла во станот на нејзината ќерка.

„Ми рече „Кика има пена на устата“, а јас и реков веднаш да повика брза помош, па ќе стигнеме ние. На влезот во зградата беше мачето на Кика, го зедов во раце, а набргу потоа сретнав жена од брзата помош. Таа ми кажа дека, за жал, нема добра вест за мене и дека Кика починала. Излегов кон нејзиниот стан, но не ме пуштија да влезам. Морав да ја видам“, раскажува расплакана мајка.

Наташа кажа дека веднаш по влегувањето во станот го видела телото на Кика како лежи попречно на креветот, додека нејзините нозе висат. Мајката тврди дека Кика никогаш не лежела во таа положба.

„Посегнав по нејзината рака која беше во грч, ја погалив. Го гледав тоа убаво лице на моето дете. Ја погалив по лицето и во моментот кога ја погалив по вратот, крв ѝ излезе од носот. Беше страшно“, вели Наташа.

24.06.2022 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега