Исповед на мајката на настраданиот пилот од српскиот воен авион: „Ми се јави половина час пред летот да излезам на балкон“

Воен авион се сруши утрово во селото Брасина кај Мал Зворник, а пилото Ѕвонко Василјевиќ загина во несреќата, додека по другиот кој се капитулират, се трагаше со часови. Нешто пред 14 часот за жал било потврдено дека и другиот пилот настрадал.

Српските новинари биле во семејната куќа на настраданиот Ѕвонко , каде неговите родители и роднини веќе биле во жалост, загрижени и тажни.

-Половина час пред летот, Ѕвонко ми се јави и ми рече да излезам на балкон затоа што ќе лета над нашите куќи - рекла за „Новости“ неговата мајка, Мара.

-Го чекав, тој е нашата гордост во секоја смисла и како дете и како човек и како пилот. Што се случило во меѓувреме не знам - рекла таа.

Неговиот татко изјавил дека го знае својот син каков е и додал дека многупати му велел дека никогаш, по никоја цена, не би оставил некој во авион, а тој самиот да се капитулира. Никогаш, нагласувал, дека нема тоа да го направи. Сигурен сум дека тоа не го направил, затоа што го красеше силен морал, човекољубие и професионалност.

На Фејсбук профилот на Ѕвонко стои фотографија од него и авионот во кој загина, а во опис на фотографијата стои: „55 години кај нас и понатаму на прва линија“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега