Исповед на девојката која Матеј последно ја барал: Не е точно дека исчезнав, само го избришав Инстаграм профилот

Сплиќанката Маја С., девојката која последна била во контакт со исчезнатиот сплиќанец Матеј Периш, првпат се огласила за „ТВ прва“ во врска со исчезнувањето на нејзиниот другар Матеј Периш, откако во медиумите се појави вест дека и таа 'исчезнала'.

„Имам 31 година, јас сум му пријателка на Матеј Периш. Мајка ми му беше наставничка, брат ми му е другар. Денеска дојдов тука, бидејќи не сакам да се кријам. Не е вистина дека исчезнав, туку го избришав профилот на Инстаграм поради закани. Во 21-ви век зарем луѓето би можеле да помислат дека полицијата не ги видела нашите повици и дека не ме контактирала веднаш? Во контакт сум со полицијата, максимално соработувам. Поминав и изјави и полиграф и претрес. Белград е покриен со камери, речиси како Лондон, се знае каде сум била во секој момент, дадов изјава, го предадов мобилниот телефон, дозволив увид во мојот автомобил, подготвена сум да дадам крв, коса, само да ја симнам дамката од моето име“, вели Маја С.

Вели дека с è e кренато на повисоко ниво, па морала да реагира на глупавиот наслов дека го слушнала повикот од „Готик“.

„Тоа не е вистина. Ми се јави (Матеј) да ме праша каде да продолжат. Не го видов повикот“.

Ова се првите зборови на сплиќанката Маја С., која кобната вечер на 30-ти декември, само неколку часа пред да исчезне без трага, последна добила повик од Матеј Периш.

„Мојата пријателка Теодора ми рече да одиме во ресторан. Пред да влезам во ресторанот ми заѕвони телефонот. Ѝ реков: 'Немој, чекај да паркирам', не сум навикната на овие услови за возење во Белград. Влегувам во ресторанот и гледам дека Матеј ми испратил порака најпрвин преку Инстаграм, потоа видов пропуштен повик“, рекла таа.

Периш таа ноќ, додека со другарите бил на вечера во ресторан во Бетон Хала, видел на Инстаграм дека и таа е во Белград со пријателите и ѝ испратил порака, а потоа и ѝ се јавил.

Маја С. на полицијата ѝ рекла дека не слушнала кога ѝ ѕвонел телефонот во 22:29 ноќта на 30-ти декември. Сега во исповед за „ТВ Прва“ рекла дека тоа најмногу ја измачува, бидејќи, да потсетиме, утврдено е дека таа е последната личност која Матеј се обидел да ја побара пред да исчезне.

„Жал ми е што не се јавив, тоа ми е најтешко. Бидејќи можеби ако ми кажеше дека доаѓа во Белград, јас би им кажала каде да одат, што да прават“, рекла сплиќанката низ солзи за „ТВ Прва“.

Таа покажала и дека на телефонот има пропуштен повик од Матеј Периш од 22:29 на 30-ти декември. 

21.01.2022 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега