Инцидент во Собранието: Арбр Адеми фрлаше филџани и шишиња кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Инцидент во Собранието. Претседателот на Комисијата за европски прашања почна да фрла со предмети кон пратениците од опозицијата. Настана и турканица на расправата за законските измени со кои на судиите кои наскоро треба да се пензионираат треба да им се продолжи работниот век до избор на нови.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се противеа на законските измени, го заобиколија пултот на Адеми, а тој прво го удри Антонио Милошоски по раката и почна да фрла со филџан, шише и скрши дел од опремата.

Засега нема официјално соопштение за инцидентот, ниту дали ќе има одговорност за нападот.

Адеми се здобил со расекотина на раката.

Пратеникот Антонио Милошоски по инцидентот оцени дека Комијата за европски прашања станала Комисија на „Дивиот запад“.

-Не ми е пријатно ова што го кажувам, но тоа е претставата и сликата за оваа Комисија, особено за претседателот на Комисијата, Арбр Адеми којшто на неделовнички начин, на насилен начин, без да им дозволи да дадат измени и дополни на дневниот ред ја турна целата Комисија во една ваква тензична атмосфера. И во моментот кога се обидовме сепак да дојдеме до нашето право, и да предложиме измени и диполнувања, сакавме да се разговара за заклучоците на Европскиот совет тој почна насилно да се однесува, да фрла со тврди предмети, да изрекува вулгарности кон колешки и колеги, рече Милошоски.

27.06.2022 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега